Во духот на новогодишните и божиќните празници, ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе беше место исполнето со радост, насмевки и празнична магија, по повод посетата на Градоначалникот на Општина Свети Николе, заедно со Дедо Мраз.

Учениците организираа кратка новогодишна забава, преку која создадоа топла и весела празнична атмосфера,по забавата на учениците им беа поделени новогодишни пакетчиња – симболичен, но значаен знак на внимание и грижа.

ООУ „Гоце Делчев“ упатува искрена благодарност до Општина Свети Николе за поддршката и вниманието, со желби за среќни, мирни и топли новогодишни и божиќни празници за сите.

🎄
🎁
✨

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *