Во ООУ “Гоце Делчев ” , Свети Николе,беше успешно реализирана симулациска вежба “Учиме да заштитиме-безбедно училиште”насочена кон зајакнување на безбедноста и подготвеноста на училиштето за постапување во итни и кризни ситуации.Вежбата беше темелно подготвена со претходно изработено сценарио,улоги и задачи за сите учесници.Подготовките се одвиваа во координација со Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи,при што беше активиран и системот за итни повици 112,.Во реализацијата учествуваа : ОВР Свети Николе, ТППЕ Свети Николе, Итната медицинска помош при Здраствен дом ,Свети Николе, Според сценариото беше извршена навремена и безбедна евакуација на учениците и наставниот кадар до определеното безбедно собирно место.Целта на оваа вежба беше проверка на подготвеноста на училиштето,ефикасноста на евакуацискит постапки и зајакнување на координацаијата помеѓу училиштето и локалните институции задолжени за заштита и спасување.Нашето училиште упатува искрена благодарност до сите вклучени институции за професионалната поддршка и соработка,до Градоначалниот на општина Свети Николе .