Со цел подигнување на свеста кај учениците за ризиците и последиците од неправилна и неовластена употреба на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници, на ден 26.12.2025 година (петок) беше реализирана едукативна активност на тема „Заштита од пиротехнички средства“ за учениците од VIII одделение.

Активноста ја реализираше полициски службеник од Одделот за превенција, во соработка со училишниот психолог и претставник од Црвениот крст. Преку видео-презентација, учениците беа информирани за опасностите и сериозните последици од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, со посебен акцент на безбедното и одговорно однесување и превенција од несакани повреди.
ООУ „Гоце Делчев“ континуирано работи на едукација и заштита на учениците, со цел создавање безбедна училишна и општествена средина.
