Искрена благодарност до сите ученици, наставници, родители и гости кои учествуваа на вчерашниот настан „Штандови на знаења“, организиран по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Настанот беше вистинско патување низ знаењето — од јазикот и литературата, преку науката и технологијата, па сѐ до уметноста, музиката и креативноста.

Посебна благодарност до учениците и наставниците кои ги претставија наставните подрачја: јазици (македонски, англиски, француски и италијански), физика, хемија, математика, биологија, информатика, географија, историја, техничко образование, шах и ликовно образование, како и до учениците од подрачното училиште во с. Горобинци за куклената претстава која донесе радост и насмевки кај сите присутни.

Особено сме благодарни и за штандот со книги, кој беше вистински симбол на љубовта кон читањето и знаењето. Посетителите имаа можност да донираат книги и со тоа да придонесат кон збогатување на училишниот книжевен фонд. Дополнително, учениците делеа инспиративни пораки до присутните гости, ширејќи позитивна енергија — мали зборови со големо значење.

Голема благодарност и до училишниот оркестар кој со своите музички точки даде посебна атмосфера на настанот. Учениците настапија со изведби на различни инструменти — бубњеви, гитари, тапани, хармоника, кахон, синтисајзери— со вокални изведби кои ја збогатија програмата и покажаа колку талент и љубов кон музиката имаат нашите ученици.

Преку активностите и презентациите, учениците покажаа дека јазикот е темел на секое знаење, средство преку кое учиме, размислуваме и го разбираме светот околу нас. Секој штанд беше доказ дека знаењето е сила, љубопитност и инспирација, а образованието најсигурен пат кон успехот.

Веруваме дека знаењето е најголемата инвестиција за иднината — инвестиција која создава можности, гради вредности и отвора нови хоризонти за нашите ученици.

Горди сме на сите учесници и благодарни што заедно покажавме дека училиштето е место каде се раѓаат идеи, се негува талент и се создава иднината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *