На 27.03.2026 година во нашето училиште се одржа едукативно предавање за учениците од VIII одделение на тема „Насилство“.

Предавањето беше реализирано од полициски службеник во соработка со училишниот психолог, при што учениците беа запознаени со различните видови на насилство, неговите последици, како и начините за препознавање и пријавување.

Психологот даде дополнителен осврт на емоционалните аспекти и ја нагласи важноста на правилната комуникација и меѓусебното разбирање.

Учениците активно учествуваа, поставуваа прашања и покажаа голем интерес за темата.

✅ Ваквите активности имаат значајна улога во превенција на насилството и во подигање на свеста кај младите.

#Превенција#БезНасилство

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *