Учениците од 9 одделение имаа можност да се запознаат со причините за појава на болеста, начинот на пренесување, симптомите, како и мерките за превенција и заштита. Преку интерактивен пристап и дискусија, се истакна значењето на навремената дијагноза и правилното лекување.




Целта на оваа активност беше да се зголеми информираноста кај младите и да се поттикне одговорно однесување кон сопственото здравје и здравјето на заедницата.
