По повод 14 март – Денот на бројот π (Пи), во ПУ „Гоце Делчев“ с. Горобинци се реализираше квиз и презентација посветени на овој познат математички број.

Учениците со голем интерес учествуваа во квизот, покажувајќи знаење, логичко размислување и одлична тимска работа.

Преку презентацијата беа претставени интересни факти за бројот π и неговата голема важност во математиката и науката.

Настанот помина во позитивна, креативна и едукативна атмосфера, поттикнувајќи ја љубопитноста и љубовта на учениците кон математиката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *