Со достоинство и почит, учениците и вработените во нашето училиште денес го одбележаа 4 Февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев, личност чие дело претставува темел на македонската историја и национална свест.






Преку организиран историски час и настап на училишниот хор, учениците имаа можност активно да учествуваат во чествувањето и да се запознаат со вредностите што ги оставил Гоце Делчев – слобода, знаење, одговорност и љубов кон татковината.
Во училишниот двор, свежо цвеќе положија градоначалникот на Свети Николе г-дин Дејан Владев, како и претставници на институции и организации, со што на настанот му беше дадено особено значење.
Како училиште што го носи името на Гоце Делчев, со вакви активности продолжуваме да ја негуваме историската меморија и да воспитуваме ученици кои со гордост ќе ги носат и почитуваат неговите идеали.
Вечна му слава на Гоце Делчев! ![]()
