За проектот:
Сетот за наука е наменет за поддршка и унапредување образовниот развој во нашата земја, преку обезбедување и подобрување на услови за одржување на наставата по природни науки. Сетот на наука се доделува на наставници Елеонора Арсевска и Цветанка Николова Менчова, учеснички во „Науката и Јас“ тренинг работилница за ефективна настава по природни науки за наставници по природни науки во Македонија, наставник-ментор и учесник на Саем на наука, кој ќе се одржи на 22 април 2026 година во Свети Николе.
Оваа опрема ќе биде достапна за сите ученици кои учат природни науки во нашето училиште, со цел да се обезбеди долгорочна корист и квалитетна едукација.
Голема благодарност до „Македонија 2025“ и „Џонсон Мети“ за нивната поддршка и инвестиција во знаењето на нашите ученици!
Се гледаме на Саемот на наука на 22 април во Свети Николе





