Овој месец во нашето училиште се одбележува Месецот на книгата.По тој повод во текот на овој месец,библиотекарската секција во соработка со активите по македонски јазик и ликовно образование,реализираше низа активности како што се: Изработка на ѕиден мурал пред библиотеката,работилница за изработка на обележувачи за книга кои наши ученици ги разменија со ученици од ООУ Кирил и Методиј од Велес каде бевме гости и реализиравме мала манифестација со наслов “ВО МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА ГО ЧЕСТВУВАМЕ КОЧО РАЦИН” и ја посетивме спомен куќата на Кочо Рацин а на 11 11 2022 членовите на библиотекарската секција ќе реализираат литературна манифестација за своите другарчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *