На предавањето беа опфатени важни теми поврзани со факторите кои влијаат на појавата на ракот, значењето на раната превенција, здравите …
Денес во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе се одржа едукативна работилница во соработка со „Боренка“ – волонтерска акција за пошумување на опожарени подрачја во Северна Македонија. Целта е да се обноват шумите што изгореле во пожари и да се подигне свеста кај младите за заштита на природата.
На работилницата учествуваа ученици од 4-то и 5-то одделение, кои преку интерактивни активности и игри имаа можност да научат повеќе …
Важноста на спортот во правилниот развој на човекот беше темата на трибината одржана во општинската сала.
На трибината, проф. д-р Горан Никовски одржа интересна и едукативна презентација, по која следеше дискусија во која активно се вклучија …
По повод 14 март – Денот на бројот π (Пи), во ПУ „Гоце Делчев“ с. Горобинци се реализираше квиз и презентација посветени на овој познат математички број.
Учениците со голем интерес учествуваа во квизот, покажувајќи знаење, логичко размислување и одлична тимска работа. Преку презентацијата беа претставени интересни …
На ден 16.03.2026 година во ПОУ „Гоце Делчев“ – с. Горобинци се одржа едукативно предавање на темите „Меѓуврсничко насилство -основни појавни форми и облици и неговото влијание во животот на младата популација“ и „Превенција од зависности“ за учениците од 6-9 одд.
Преку презентации учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на насилство и зависности, нивните последици, како и со …
Со големо задоволство споделуваме дека нашето училиште доби вредна донација — комплетен сет за наука во вредност од 32,000 денари, обезбеден од организацијата Македонија 2025 и програмата на Џонсон Мети!
За проектот: Сетот за наука е наменет за поддршка и унапредување образовниот развој во нашата земја, преку обезбедување и подобрување …
Конкурс за избор на првенец на генерација и гордости на генерација за учебната 2025/26
По повод 8 Март – Денот на жената, учениците од 1 до 5 одделение во ПУ Црнилиште приредија убава приредба …
Учениците од 1 до 5 одд. од ПОУ Гоце Делчев во село Горобинци по повод 8 Март -празник на жената, со своите вредни рачиња се потрудија да направат прекрасни изработки и честитки за своите мајки.Заедно со наставничките го украсија паното и ја прикажаа својата креативност. Секоја детска творба е израз на радост и внимание кон најважните жени во животот.
По повод 8 Март – Денот на жената, учениците од Училишниот парламент приредија мал рецитал во наставничката канцеларија. Со стихови и насмевки им го честитаа празникот на наставничките и вработените во училиштето.
Тие поделија и честитки кои сами ги изработија, внесувајќи радост и топлина во овој убав ден.
