Општина Свети Николе заедно со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општината организираа работилници на тема “Врсничко Насилство – Биди и Ти нечиј Суперхерој” во трите основни училишта, гиманзијата и средното стручно училиште, СОУ Кочо Рацин – Свети Николе. Работилниците ги одржуваше лиценциран Гешталт Арт психотерапевт Cvetanka Burzevska, каде преку активно и креативно учество (цртање, разговар, играње улоги) децата се запознаа со што е тоа врсничко насилство? Како да препознаат? Како да постапат и како да се заштитат?
Голема благодарност до учениците, стручната служба и директорите на училиштата за соработката.
И повторно БЕСЦЕНЕТИ ДЕТСКИ НАСМЕВКИ
Денес нашето подрачно училиште во село Црнилиште беше почестено со едно прекрасно изненадување. Новогодишни подароци, забава и дружење во прекрасен …
Во нашето училиште се одржа едукативна работилница за Пиротехнички средства и последици кои може да настанат од нивна употреба со …
На 25.12.2023 год. во нашето училиште гостуваше Театар Провокација со новогодишната претстава за деца, „Веселиот Дедо Мраз“.Претставата беше прекрасна а учениците одлично се забавуваа!!!
Дочекајте ја 2024 год со насмевка на лицата и љубов во срцето!
Радоста и доброто здравје нека бидат гости во вашиот дом. Со оваа порака и со новогодишни пакетчиња за сите ученици …
По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни,денес 04.12.2023 (понеделник), ученици од 9 одделение од нашето училиште и стручната служба го посетија Дневниот центар каде реализираа пригодна приредба и на децата им беа доделени скромни поклони . Голема благодарност за топлиот прием од децата и вработените во Дневниот центар.
По повод Светски ден за борба против сидата денес 01.12.2023 (петок) во нашето училиште се одржа едукативна работилница со учениците од 9 – одделение, а во реализација на стручната служба. Темата на работилницата беше запознавање на учениците со ХИВ вирусот
што го предизвикува неговото присуство во човечкиот организам. Што е СИДА кои се симптоми најчесто се појавуваат.
Нашите ученици од VI и VII одд. на 30.11.2023 год. го посетија Информативниот центар на националниот парк Галичица каде што активно учествуваа во работилница.
Работилницата се состоеше од активности на терен каде учениците земаа примероци и лабораторија каде правеа селекција и набљудување под микроскоп …
