Во рамките на активностите предвидени за Детската недела, нашите ученици од трето одделение ја посетија изложбата на детски дигитални илустрации …
Благодариме на Шаховска федерација на Македонија и наставникот Орце Данчевски за прекрасната презентација на придобивките и можностите од Шах во секое училиште. Благодариме и на директорката Сузана Дерменџиева и за покажаниот интерес од страна на наставниците . Се надеваме дека конечно шахот ќе заживее и ќе го добие заслуженото место меѓу наставната програма.
Македонската претставничка во категоријата до 12 години на Светското првенство (СП) во Алмати (Казахстан), Ученичка во нашето училиште во 7 одд, Илијана Велева ,повторно не направи горди,забележа победа во шестото коло на Мундијалот во конкуренција на 123 шахистки од 51 држава (четири ЖФМ и 14 ЖКМ). Велева, една од најталентираните млади македонски шахистки, членка на Алкалоид и државна шампионка, во шестото коло со бели фигури ја надигра казахстанката Тумар Калдубек
Повик за избор на ученички правобранител
Денес во Ооу Гоце Делчев се доставени 25 пакети со училиштен прибор. 20 се наменети за учениците од прво до петто одделение во централното училиште и 5 во подрачното училиште во с. Горобинци!
Упатуваме благодарност и почит и до анонимниот дарител кој несебично донираше ранци и училишен прибор за учениците во нашето училиште.
Извештај за слободни изборни предмети
Драги првачиња, добредојдовте во нашето училишно семејство! Денес започнува вашето најубаво патување исполнето со знаење, другарство и радост. Со радост ве прегрнуваме и ви посакуваме секој ден да биде нова авантура.
На сите ученици и наставници им посакуваме успешна, среќна и плодна учебна година, исполнета со мотивација, љубопитност и многу заеднички …
Извештај за од прашалник за пројавување првични интереси
Инспиративна посета на Џонсон Мети – Скопје во рамки на проектот „Науката и јас“
Во рамки на проектот „Науката и јас“, дел од Програмата за влијание на заедницата на Џонсон Мети, реализиран во партнерство …
