Првачињата „на сиот глас“ го кажаа ветувањето дека: ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат задачите и ќе се дружат со другарчињата. Првачињата добија беџови а другарчињата од трето одделение им подготвија забавна програма со јасна порака од сите нас:Да им е среќно детството и нека растат весело и здраво!

За да бидеш УЧИТЕЛ не е потребна само диплома,за да бидеш учител потребно е целосно,безрезервно да си предаден на својата професија-само така си вреднуван најпрво од оние пред кои стоиш секој ден и им го пренесуваш своето знаење а потоа и од сите други кои умеат да ги препознаат твоите вредности!

Учениците од ПОУ с. Горобинци по повод Детската недела учествуваа во различни активности- изработка на плакат за детските права и обврски, спортски активности, цртање во училишниот двор а се одржа и Свечен прием на првачињата во ,,Детската организација!

На ден 10 Октомври –Светскиот ден на менталното здравје ,беше спроведена работилница на учениците од 7-одделение на тема„Ментално здравје и ментални болести“. Учениците беа запознаени со терминот Ментално здравје кое значи чувство за добросостојба, самодоверба и самопочит и со последиците од негрижа за сопственото здравје како и болестите кои произлегуваат од самата негрижа.

Работилницата беше реализирана од психолог-Олгица Стојкова,дефектолог-Драгана Монева и педагог-Ивана Стојановска.

На 12.10.2022 во просториите на нашето училиште се одржа обука за користење на Интерактивна табла која ќе овозможи модернизација на наставата а наставниците непречено ќе можат да ги применуваат современите интерактивни начини на реализирање на наставни содржини.

Денес,14.10.2022,во ПОУ Гоце Делчев,с.Горобинци,се реализираше завршната активност од проектот „Предизвик за млади истражувачи“ со наслов„Како да пораснам.Оваа активност содржеше продажен штанд на пакуван чај и семе што всушност беше и целта на проектот-садење,одгледување,прихранување,собирање и продажба на босилек,нане и жалфија а исто така посетителите -родители,колеги,соученици имаа можност да посетат и штанд со здрава храна и топол чај.Атмосферата беше навистина пријатна а активноста многу успешна.ООУ Гоце Делчев им честита на менторите на проектот и учесниците-ученици !