Со голема гордост и радост објавуваме дека нашата ученичка **Илијана Велевска**, од ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе, повторно ја освои титулата **Државен првак во шах** во категоријата од 6-то до 9-то одделение на **Државното првенство во шах**, кое се одржа во Ресен!

Почитувани,

Со особена благодарност ја истакнуваме поддршката од г. Стојанче Петровски, кој преку својата посветеност кон нашето училиште овозможи важни ресурси …

По повод Месецот на книгата,нашето училиште организира донаторска акција за книги која има за цел да се збогати книжевниот фонд на училишната библиотека!

За таа цел Ве повикуваме активно да се вклучиме во оваа акција која започнува од понеделник а ќе трае до …

„Полициски службеник од Одделот за превенција при МВР им одржа едукативна презентација на учениците од 8. и 9. одделение во нашето централно училиште и подрачното училиште во с. Горобинци на тема: „Познавање на дрогата и превенција“. Оваа значајна активност има за цел да ги едуцира младите за различните видови дроги, штетните последици од нивната употреба, и важноста од правилни избори и превенција. Нашето училиште продолжува активно да се залага за промоција на безбедни и здрави животни избори, со што ги подготвуваме учениците да ги препознаат и избегнат ризиците кои можат да влијаат на нивната иднина.“

Ученици од нашето училиште на 30.11.2024 год. зедоа учество на работилницата ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА – ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА КУЌА во Народна техника – Скопје. Оваа работилница им овозможи на учениците од VI и VII одделение да изработат функционални макети на еколошко-енергетски независна куќа каде се вклучени повеќе модели за искористување на обновливи извори на енергија,

Се радуваме да споделиме дека учениците од второ одделение ја посетија Градската библиотека, каде што имаа можност да ги запознаат книгите, работата на библиотекарите и важноста на читањето. Во текот на посетата, децата станаа нови членови на библиотеката, со што им се отвори патот кон безброј книжевни авантури! Благодарност до тимот на библиотеката за топлото добредојде и за инспирацијата која им ја дадоа на нашите најмлади читатели!