Работилниците од Мрежата за искуствено учење miu.mk продолжуваат и оваа учебна година. Денес истражувавме со учениците од осмо и деветто одделение од ООУ ,,Гоце Делчев”- Св. Николе и нивните наставнички Елеонора и Катерина.

Работилниците во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево се фокусирани на едукација за квалитет на воздух, каде децата сами …

Детската недела е време кога ги славиме детските насмевки, нивните права, нивната уникатност и нивниот глас во општеството.

Нашето училиште реализираше низа активности по повод детската недела под мотото “Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!” …

Денешниот датум ја одбележува годишнината на усвојувањето на препораката од МОТ/УНЕСКО од 1966 година за статусот на учителите во однос на правата и одговорностите и стандардите кои ги следи.

Учителствувањето е професија која е благородна и исполнителна и бара голема посветеност во градење на индивидуалноста во развојот на децата, …

Во периодот од 04 10 до 14 10 2024 во Аvrillé les Ponceaux , Франција се одржа тренинг на тема “Твоја демократија?Дезинформација,манипулација со медиумите во демократските општества во која зедоа учество наставници од двете основни училишта “Гоце Делчев” , “Св. Кирил и Методиј” како и СОУ “Кочо Рацин” од нашиот град .

По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври за учениците од VI и VII одделение од страна на стручната служба беше реализирана презентација преку која учениците се запознаа со терминот ментално здравје, неговото значење и зачувавање и последиците од нарушено ментално здравје

26 септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа. Нашите ученици денеска се приклучија на прославата на Европскиот ден на јазиците – празник на многубројните јазици кои се говорат во Европа.