Еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение. Свети Николе -археолошки локалитет Стоби-Дојран и Дојранското езеро-Струмица-Колешински Водопади каде учениците имаа можност да научат за значајните историски настани и да уживаат во прекрасните пејзажи од нашата убава Македонија. Ден исполнет со незаборавни спомени, интересни доживувања

Дводневна екскурзија за учениците од 6 одделение Свети Николе-Крушево-Прилеп-Битола-Свети Николе.Учениците имаа можност да ги посетат следни знаменитости:

Во Крушево – Мечкин камен, Македониумот и Спомен куќата на Тоше Проевски Прилеп – Могила на непобедените (Спомен парк на …

По повод 121 година од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев, патронот на нашето училиште, се положи свежо цвеќе на спомен бистата во училиштето а нашите ученици одржаа историски час за ликот и делото на херојот, великанот, учителот. Слава му!

Денот на планетата Земја!!! Главна цел ни е да ја подигнеме свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата! Во рамки на тоа, ние решивме нашиот придонес да биде во популаризирање на борбата против климатските промени и загадувањето на нашата планета при добивање на електричната енергија па наставничката Елеонора Арсевска реализираше едукативна работилница со учениците од 8 одделение на која младите “инжинери” составија и пуштија во употреба ветерница.