Учениците и вработените од ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе, заедно со подрачните училишта од с.Црнилиште и с Горобинци, го реализираа традиционалното есенско пешачење. Учениците од централното училиште го посетија локалитетот Била Зора

Во прекрасна атмосфера, учениците од сите одделенија уживаа во дружење, природа и свеж воздух.

Денес во дворот на нашето училиште, беше поставена клупа во спомен на нашата покојна колешка Александра, која беше дел од наставничкиот кадар на ова училиште. Донацијата ја обезбеди нејзиното семејство и нашиот најблизок Ердован Етоски. Благодарност за големиот гест на директорката на училиштето Сузана Дерменџиева и вработените , за да овозможат да се случи овој чин. Тоа е еден прекрасен чин и почит кон нашата поранешна покојна колешка

Хуманост на дело!

Училишниот парламент на нашето училиште организираше хуманитарна активност под мотото „Детето денес – иднината утре“. Нашите ученици и родители уште …

Благодариме на Шаховска федерација на Македонија и наставникот Орце Данчевски за прекрасната презентација на придобивките и можностите од Шах во секое училиште. Благодариме и на директорката Сузана Дерменџиева и за покажаниот интерес од страна на наставниците . Се надеваме дека конечно шахот ќе заживее и ќе го добие заслуженото место меѓу наставната програма.

Македонската претставничка во категоријата до 12 години на Светското првенство (СП) во Алмати (Казахстан), Ученичка во нашето училиште во 7 одд, Илијана Велева ,повторно не направи горди,забележа победа во шестото коло на Мундијалот во конкуренција на 123 шахистки од 51 држава (четири ЖФМ и 14 ЖКМ). Велева, една од најталентираните млади македонски шахистки, членка на Алкалоид и државна шампионка, во шестото коло со бели фигури ја надигра казахстанката Тумар Калдубек