Денес во Ооу Гоце Делчев се доставени 25 пакети со училиштен прибор. 20 се наменети за учениците од прво до петто одделение во централното училиште и 5 во подрачното училиште во с. Горобинци!

Упатуваме благодарност и почит и до анонимниот дарител кој несебично донираше ранци и училишен прибор за учениците во нашето училиште.

Драги првачиња, добредојдовте во нашето училишно семејство! Денес започнува вашето најубаво патување исполнето со знаење, другарство и радост. Со радост ве прегрнуваме и ви посакуваме секој ден да биде нова авантура.

На сите ученици и наставници им посакуваме успешна, среќна и плодна учебна година, исполнета со мотивација, љубопитност и многу заеднички …