За прв пат во општина Свети Николе ќе се спроведе голема и мултисекторска вежба во која учеството ќе земат сите надлежни локални институции. Според утврдениот план кој ќе биде во неколку фази, се планира обука на наставниот кадар, персоналот и на сите учениците за тоа како да се заштитат од ризиците од катастрофи, а потоа следува подготовка и спроведување на вежбата која се очекува да биде спроведена до крајот на годината . На состанокот присуствуваа претставници од институции кои ќе го спроведат проектот во нашето училиште, ПО РЦУК Свети Николе како координатор, ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, ОВР Свети Николе, ЈЗУ Здавствен дом Свети Николе, ОО на Црвен Крст Свети Николе, ПО ДЗС Свети Николе, наставен кадар и други. На наше големо задоволство инструктори и помагачи за спроведување на вежбата се претставници од ПО РЦУК и ПО ДЗС Струмица кои имат повеќегодишно експертско искуство во спроведување на вежби во училиштата и истите учествуваа на денешниот координативен состанок.
По повод одбележувањето на Детската недела(02-08 октомври,2023), основното општинско училиште „Гоце Делчев“ спроведе хуманитарна акција насловена „Другарството е подадена рака“. Во фоајето на училиштето беше поставен штанд за донирање на облека и училиштен прибор. Во хуманитарната акција учествуваа сите ученици од прво до деветто одделение со нивните родители и вработените во училиштето. Собраните продукти ќе се донираат на ученици од училиштето од ранливите категории.
По повод светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври, стручната служба организираше работилница за учениците од шесто одделение со цел да се запознаат со значењето и важноста на менталното здравје, како и со важноста и влијанието на емоциите врз менталното здравје, како да го зачуваат и како да ги превенираат нарушувањата на менталното здравје
Распоред на активности по повод Детска недела во ООУ„Гоце Делчев“
Распоред за додатна и дополниотелна настава и слободни активности
Во ООУ “Гоце Делчев” се одбележа Денот на Европската недела на спортот.
Нашите ученици со учество во спортски игри дадоа свој придонес во одбележувањето. Настанот се организира во соработка со Агенцијата за …