Општина Свети Николе заедно со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општината организираа работилници на тема “Врсничко Насилство – Биди и Ти нечиј Суперхерој” во трите основни училишта, гиманзијата и средното стручно училиште, СОУ Кочо Рацин – Свети Николе. Работилниците ги одржуваше лиценциран Гешталт Арт психотерапевт Cvetanka Burzevska, каде преку активно и креативно учество (цртање, разговар, играње улоги) децата се запознаа со што е тоа врсничко насилство? Како да препознаат? Како да постапат и како да се заштитат?