Во ООУ “Гоце Делчев ” , Свети Николе,беше успешно реализирана симулациска вежба “Учиме да заштитиме-безбедно училиште”насочена кон зајакнување на безбедноста и подготвеноста на училиштето за постапување во итни и кризни ситуации.Вежбата беше темелно подготвена со претходно изработено сценарио,улоги и задачи за сите учесници.Подготовките се одвиваа во координација со Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи,при што беше активиран и системот за итни повици 112,.Во реализацијата учествуваа : ОВР Свети Николе, ТППЕ Свети Николе, Итната медицинска помош при Здраствен дом ,Свети Николе, Според сценариото беше извршена навремена и безбедна евакуација на учениците и наставниот кадар до определеното безбедно собирно место.Целта на оваа вежба беше проверка на подготвеноста на училиштето,ефикасноста на евакуацискит постапки и зајакнување на координацаијата помеѓу училиштето и локалните институции задолжени за заштита и спасување.Нашето училиште упатува искрена благодарност до сите вклучени институции за професионалната поддршка и соработка,до Градоначалниот на општина Свети Николе .
По повод 3 ти Декември во нашето училиште се организираа креативни работилнци во II и III одделение на кои заеднички се изработија “Дрвото на различноста” и “Сложувалката на пријателство ”.
Благодарни сме за насмевките,боите и топлината што ја создадовме заедно, како што секое парче ја прави сложувалката цела, така и …
Во училиштето, на ден 28.11 (петок), се одржа едукативна работилница со учениците од VIII одделение на тема „Превенција од болести на зависности“. Работилницата ја реализираше претставникот од Црвениот крст, Теа Димкова, а учениците активно учествуваа и добија корисни информации за здрави и безбедни избори.
Завршивме со заедничка дискусија и практични совети за донесување подобри одлуки во секојдневието. Заедно создаваме свесни, информирани и одговорни ученици!
Едукативна прошетка на деветтоодделенците од ООУ „Гоце Делчев“ – посета на Собранието на РМ
Учениците од деветто одделение од ООУ „Гоце Делчев“ реализираа едукативна прошетка низ главниот град. Најпрво ја посетија највисоката законодавна институција …
