Со многубројни активности ООУ „Гоце Делчев“ го прослави патрониот празник.Оваа година чествувањето на ликот и делото на нашиот патрон започна на 02 .05.2023 година со пригодна програма во ПОУ „Гоце Делчев“,с.Горобинци.На 03.05.2023 се реализираа спортските меѓуучилишни натпревари помеѓу училиштата во Општина Свети Николе и Општина Лозово а вечерта се одржа свечаната академија посветена на музиката и песната.04.05.2023 година се положи свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев.

Во нашето училиште беа одржани две едукации на учениците од прво одделение од страна на волонтери од Црвен Крст Свети Николе, на тема “Екологија и селектирање отпад”, при проектот “Зелен волонтеризам”, инициран од Црвен Крст на Република Македонија