Огромна благодарност до Месната заедница на с. Црнилиште за вредната донација за Подрачното училиште во с. Црнилиште

Донацијата опфаќа: два телевизори и држачи HDMI кабли звучник со микрофон косилка за трева хартија за печатење пакетчиња за учениците …

Во духот на новогодишните и божиќните празници, ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе беше место исполнето со радост, насмевки и празнична магија, по повод посетата на Градоначалникот на Општина Свети Николе, заедно со Дедо Мраз.

Учениците организираа кратка новогодишна забава, преку која создадоа топла и весела празнична атмосфера,по забавата на учениците им беа поделени новогодишни …

Во подрачното училиште во с.Горобинци беа донирани новогодишни пакетчиња за учениците од I до IX одделение, со што им беше подарена радост и празнична магија.

Голема благодарност до Зоран и Маја Тасеви, а посебно до Орхидеја, која ги разнежни детските срца и ги остави со …

Со многу труд, љубов и празничен дух успешно ја реализиравме новогодишната приредба во подрачното училиште Гоце Делчев во с.Горобинци. Учениците од прво до петто одделение земаа активно учество и преку песна, игра и сценски настапи создадоа топла и весела атмосфера. Посебна радост и новогодишна магија внесе и Дедо Мраз, кој со своето доаѓање измами насмевки и радост кај сите присутни. Благодарност до учениците за вложениот труд, како и до родителите и колегите за поддршката и соработката. Нека Новата година ни донесе здравје, успех и уште многу вакви убави моменти!