Во посета на нашата противпожарна станица ни беа ученици од Ооу Гоце Делчев. На денешната посета беа запознаени со професијата Пожарникар-спасител, со какви ПП возила располагаме и каква техничка опрема се користи при различни видови на интервенции.
Пожарна Свети Николе
По повод 14 Март -Меѓународен ден на математиката,учениците од четврто два со нивната наставничка Валентина Зафирова-Ѓоргиева,реализираа работилница”Решавање на математички загатки”.Од изработките направија пано на кое решенијата се скриени.Обидете се и вие
Посетата на градоначалникот, музејот, Градската библиотека, и Стопанска банка на учениците од 1 до 5 одделение од ПО ,,Гоце Делчев,, од с. Горобинци и с. Црнилиште
Во нашето училиште се презентираше новоформираниот боречки клуб БК Овче поле кој врши упис на нови членови со цел да се анимираат и вклучат поголем број на ученици од сите општински училишта во Свети Николе. Активностите на клубот ќе се одвиваат во училишната сала при ООУ “Гоце Делчев” три пати неделно
Учениците од шесто одделение реализираа работилница по повод 21 февруари,Меѓународен ден на мајчиниот јазик .
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и се потенцира важноста и уникатноста …
На 4 февруари се одбележаа 152 годиниод раѓањето на великанот Гоце Делчев,патронот на нашето училиште, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите .
По тој повод,денес,бројни делегации му изразија почит на ликот и делото на нашиот патрон,Гоце Делчев,со полагање на свежо цвеќе на …