Симболичен празничен украс во чест на Божиќ

Учениците од предметот Етика на религиите и Воспитување преку параболите, мудрите изреки и приказните, во соработка со нивната наставничка Маја Темелкова и библиотекарот Биљана Санева создадоа прекрасен симболичен украс кој го краси нашето училиште и ја пренесува пораката за значењето на Божиќ.

Овој креативен проект има за цел да потсети на вредностите што ги славиме за Божиќ – љубовта, мирот, солидарноста и заедништвото. Преку нивниот труд, учениците не само што ја покажаа својата креативност, туку и го истакнаа значењето на овој голем христијански празник како момент за размислување, сплотеност и благодарност.

Нашите ученици со својот ангажман придонесуваат за празничната атмосфера во нашето училиште, додавајќи топлина и инспирација за сите нас.

Нека ни се радосни празниците! 🎅✨

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *