Во нашето училиште се одржа едукативна работилница за Пиротехнички средства и последици кои може да настанат од нивна употреба со …

По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни,денес 04.12.2023 (понеделник), ученици од 9 одделение од нашето училиште и стручната служба го посетија Дневниот центар каде реализираа пригодна приредба и на децата им беа доделени скромни поклони . Голема благодарност за топлиот прием од децата и вработените во Дневниот центар.

По повод Светски ден за борба против сидата денес 01.12.2023 (петок) во нашето училиште се одржа едукативна работилница со учениците од 9 – одделение, а во реализација на стручната служба. Темата на работилницата беше запознавање на учениците со ХИВ вирусот

што го предизвикува неговото присуство во човечкиот организам. Што е СИДА кои се симптоми најчесто се појавуваат.

Нашите ученици од VI и VII одд. на 30.11.2023 год. го посетија Информативниот центар на националниот парк Галичица каде што активно учествуваа во работилница.

Работилницата се состоеше од активности на терен каде учениците земаа примероци и лабораторија каде правеа селекција и набљудување под микроскоп …

Денес,во нашето училиште се одржа завршната активност по повод Месецот на книгата под наслов„Во прегратките на книгата,невозможното станува возможно.Нашите ученици гласно порачаа дека низ страниците на книгите, не откриваме само чудесни приказни, туку и суштината на нашата заедничка хуманост! ЗАТОА ХРАБРО,СО ОТВОРЕН УМ, СО ЧИСТО СРЦЕ И СО КНИГА ВО РАКА ДА ЧЕКОРИМЕ НИЗ ЖИВОТОТ-САМО ТАКА И НЕВОЗМОЖНОТО СТАНУВА ВОЗМОЖНО!