Пожарна Свети Николе
По повод 14 Март -Меѓународен ден на математиката,учениците од четврто два со нивната наставничка Валентина Зафирова-Ѓоргиева,реализираа работилница”Решавање на математички загатки”.Од изработките направија пано на кое решенијата се скриени.Обидете се и вие
Посетата на градоначалникот, музејот, Градската библиотека, и Стопанска банка на учениците од 1 до 5 одделение од ПО ,,Гоце Делчев,, од с. Горобинци и с. Црнилиште
Во нашето училиште се презентираше новоформираниот боречки клуб БК Овче поле кој врши упис на нови членови со цел да се анимираат и вклучат поголем број на ученици од сите општински училишта во Свети Николе. Активностите на клубот ќе се одвиваат во училишната сала при ООУ “Гоце Делчев” три пати неделно
Учениците од шесто одделение реализираа работилница по повод 21 февруари,Меѓународен ден на мајчиниот јазик .
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и се потенцира важноста и уникатноста …
На 4 февруари се одбележаа 152 годиниод раѓањето на великанот Гоце Делчев,патронот на нашето училиште, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите .
По тој повод,денес,бројни делегации му изразија почит на ликот и делото на нашиот патрон,Гоце Делчев,со полагање на свежо цвеќе на …
Во нашето училиште се одржа обука за наставници почетници со тема “Техники на учење”. Реализатори на обуката беа Елеонора Арсевска-наставник ментор и Зорица Ефремова-педагог.
13.02.2024 (вторник) со учениците од Училишната заедница од 6-9 одделение во ПУ-Горобинци беше реализирана презентација за “Врсничко насилство и превенција од насилство меѓу учениците” од страна на училишниот психолог. Учениците беа запознаени со поимот насилство.,какво може да биде насилството зошто насилството е лошо, како да се препознаат децата што трпат насилство и превенција од истото
распоред за додатна и дополнителна настава,месец декември
Општина Свети Николе заедно со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општината организираа работилници на тема “Врсничко Насилство – Биди и Ти нечиј Суперхерој” во трите основни училишта, гиманзијата и средното стручно училиште, СОУ Кочо Рацин – Свети Николе. Работилниците ги одржуваше лиценциран Гешталт Арт психотерапевт Cvetanka Burzevska, каде преку активно и креативно учество (цртање, разговар, играње улоги) децата се запознаа со што е тоа врсничко насилство? Како да препознаат? Како да постапат и како да се заштитат?
Голема благодарност до учениците, стручната служба и директорите на училиштата за соработката.
