**Честитки за нашите шампиони!**
Со огромна гордост ги објавуваме резултатите од последниот меѓуучилишен фудбалски турнир, на кој три од нашите училишта покажаа одлични резултати! …
Светскиот ден на храната,16ти октомври, учениците од нашето училиште го одбележаа со штандови на храна, заеднички подготвена со наставниците и родителите.
Работилниците од Мрежата за искуствено учење miu.mk продолжуваат и оваа учебна година. Денес истражувавме со учениците од осмо и деветто одделение од ООУ ,,Гоце Делчев”- Св. Николе и нивните наставнички Елеонора и Катерина.
Работилниците во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево се фокусирани на едукација за квалитет на воздух, каде децата сами …
Детската недела е време кога ги славиме детските насмевки, нивните права, нивната уникатност и нивниот глас во општеството.
Нашето училиште реализираше низа активности по повод детската недела под мотото “Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!” …
По повод детската недела нашето училиште организираше општински натпревар во шах, во кој учество земаа ученици од 4то до 9то одделение и се натпреваруваа во три категории
Денешниот датум ја одбележува годишнината на усвојувањето на препораката од МОТ/УНЕСКО од 1966 година за статусот на учителите во однос на правата и одговорностите и стандардите кои ги следи.
Учителствувањето е професија која е благородна и исполнителна и бара голема посветеност во градење на индивидуалноста во развојот на децата, …
Во периодот од 04 10 до 14 10 2024 во Аvrillé les Ponceaux , Франција се одржа тренинг на тема “Твоја демократија?Дезинформација,манипулација со медиумите во демократските општества во која зедоа учество наставници од двете основни училишта “Гоце Делчев” , “Св. Кирил и Методиј” како и СОУ “Кочо Рацин” од нашиот град .
По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври за учениците од VI и VII одделение од страна на стручната служба беше реализирана презентација преку која учениците се запознаа со терминот ментално здравје, неговото значење и зачувавање и последиците од нарушено ментално здравје
Нашата ученичка Андреа Тасева минатиот викенд на фестивалот “Распеани срца” го освои првото место за интерпретација.
Честитки за Андреа и ѝ посакуваме уште многу успеси!
