Дводневна екскурзија за учениците од 6 одделение Свети Николе-Крушево-Прилеп-Битола-Свети Николе.Учениците имаа можност да ги посетат следни знаменитости:

Во Крушево – Мечкин камен, Македониумот и Спомен куќата на Тоше Проевски Прилеп – Могила на непобедените (Спомен парк на …

По повод 121 година од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев, патронот на нашето училиште, се положи свежо цвеќе на спомен бистата во училиштето а нашите ученици одржаа историски час за ликот и делото на херојот, великанот, учителот. Слава му!

Денот на планетата Земја!!! Главна цел ни е да ја подигнеме свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата! Во рамки на тоа, ние решивме нашиот придонес да биде во популаризирање на борбата против климатските промени и загадувањето на нашата планета при добивање на електричната енергија па наставничката Елеонора Арсевска реализираше едукативна работилница со учениците од 8 одделение на која младите “инжинери” составија и пуштија во употреба ветерница.

Почитувани,

Нашето училиште ги отвара своите врати за новите првачиња.Информации за уписите и потребните документи може да ги најдете во сликите …

На ден 16.04.2024 година,групата „Зелена визија“ од Црвен Крст,Свети Николе,преку проектот „Црвен Крст во акција,промоција на хумани вредности“ донираше рачно изработени клупи и масички за шах кои беа поставени во училиштниот двор.Масички за шах се наменски одбрани како инспирација од успесите на нашата млада и успешна шахистка Илијана Велева,ученичка во V одделение ,која во сите турнири во кои учествувала го освоила ПРВОТО место,и тоа не само во државата туку и надвор

На учениците од 1 – 5 одделение во подрачните училишта во с. Црнилиште и во с. Горобинци се реализираше презентација за Врсничко насилство и превенција од насилство меѓу учениците од страна на училишниот психолог. Учениците беа запознаени какво може да биде насилството, зошто насилството е лошо и како бидат препознаени децата што трпат насилство