Почитувани,

Со особена благодарност ја истакнуваме поддршката од г. Стојанче Петровски, кој преку својата посветеност кон нашето училиште овозможи важни ресурси за нашиот шаховски турнир – обезбеди табли, фигури, и помогна во организацијата на натпреварот. Неговиот ангажман значително го збогати искуството на младите шахисти.

Посебна благодарност и до нашите наставници, кои со својата поддршка и ентузијазам беа столб на оваа активност и придонесоа кон успешно реализирање на турнирот. Нивната посветеност го прави шахот уште повозбудлив за нашите ученици и создава простор за развој на нивните вештини.

Ќерката на г. Петровски, Илијана Велева, која веќе се истакнува како еден од најуспешните млади шахисти со бројни награди, е инспирација за многу ученици во нашето училиште. Токму нејзините достигнувања беа поттик за воведување на шахот кај помалите одделенија, со цел да го развиеме нивниот критичен и стратешки начин на размислување.

Исто така, нашата директорка, г-ѓа Сузана Дерменџиева, беше иницијатор за оваа идеја и продолжува да ја поттикнува шаховската култура во училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *