Денешниот датум ја одбележува годишнината на усвојувањето на препораката од МОТ/УНЕСКО од 1966 година за статусот на учителите во однос на правата и одговорностите и стандардите кои ги следи.
Учителствувањето е професија која е благородна и исполнителна и бара голема посветеност во градење на индивидуалноста во развојот на децата, …
Во периодот од 04 10 до 14 10 2024 во Аvrillé les Ponceaux , Франција се одржа тренинг на тема “Твоја демократија?Дезинформација,манипулација со медиумите во демократските општества во која зедоа учество наставници од двете основни училишта “Гоце Делчев” , “Св. Кирил и Методиј” како и СОУ “Кочо Рацин” од нашиот град .
По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври за учениците од VI и VII одделение од страна на стручната служба беше реализирана презентација преку која учениците се запознаа со терминот ментално здравје, неговото значење и зачувавање и последиците од нарушено ментално здравје
Нашата ученичка Андреа Тасева минатиот викенд на фестивалот “Распеани срца” го освои првото место за интерпретација.
Честитки за Андреа и ѝ посакуваме уште многу успеси!
26 септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа. Нашите ученици денеска се приклучија на прославата на Европскиот ден на јазиците – празник на многубројните јазици кои се говорат во Европа.
Протокол-постапка за пријавување и заштита на ученик жртва
Успешно реализирана обука за наставници во „Ооу Гоце Делчев” – Свети Николе!
Со големо задоволство одржавме обука за 16 посветени наставници, со кои дискутиравме на темата за превенција на дрога кај младите. …
Почитувани ученици, првачиња нека ви е честит и среќен првиот училиштен ден во ООУ,,Гоце Делчев”-Свети Николе.
Нека нашето училиште ви биде вашиот втор дом. Убедени сме дека од Вас ќе произлезат многу успешни луѓе. Сега и …