„Полициски службеник од Одделот за превенција при МВР им одржа едукативна презентација на учениците од 8. и 9. одделение во нашето централно училиште и подрачното училиште во с. Горобинци на тема: „Познавање на дрогата и превенција“. Оваа значајна активност има за цел да ги едуцира младите за различните видови дроги, штетните последици од нивната употреба, и важноста од правилни избори и превенција. Нашето училиште продолжува активно да се залага за промоција на безбедни и здрави животни избори, со што ги подготвуваме учениците да ги препознаат и избегнат ризиците кои можат да влијаат на нивната иднина.“