По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври за учениците од VI и VII одделение од страна на стручната служба беше реализирана презентација преку која учениците се запознаа со терминот ментално здравје, неговото значење и зачувавање и последиците од нарушено ментално здравје

26 септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа. Нашите ученици денеска се приклучија на прославата на Европскиот ден на јазиците – празник на многубројните јазици кои се говорат во Европа.