На трибината, проф. д-р Горан Никовски одржа интересна и едукативна презентација, по која следеше дискусија во која активно се вклучија …
По повод 14 март – Денот на бројот π (Пи), во ПУ „Гоце Делчев“ с. Горобинци се реализираше квиз и презентација посветени на овој познат математички број.
Учениците со голем интерес учествуваа во квизот, покажувајќи знаење, логичко размислување и одлична тимска работа. Преку презентацијата беа претставени интересни …
На ден 16.03.2026 година во ПОУ „Гоце Делчев“ – с. Горобинци се одржа едукативно предавање на темите „Меѓуврсничко насилство -основни појавни форми и облици и неговото влијание во животот на младата популација“ и „Превенција од зависности“ за учениците од 6-9 одд.
Преку презентации учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на насилство и зависности, нивните последици, како и со …
Со големо задоволство споделуваме дека нашето училиште доби вредна донација — комплетен сет за наука во вредност од 32,000 денари, обезбеден од организацијата Македонија 2025 и програмата на Џонсон Мети!
За проектот: Сетот за наука е наменет за поддршка и унапредување образовниот развој во нашата земја, преку обезбедување и подобрување …
Конкурс за избор на првенец на генерација и гордости на генерација за учебната 2025/26
По повод 8 Март – Денот на жената, учениците од 1 до 5 одделение во ПУ Црнилиште приредија убава приредба …
Учениците од 1 до 5 одд. од ПОУ Гоце Делчев во село Горобинци по повод 8 Март -празник на жената, со своите вредни рачиња се потрудија да направат прекрасни изработки и честитки за своите мајки.Заедно со наставничките го украсија паното и ја прикажаа својата креативност. Секоја детска творба е израз на радост и внимание кон најважните жени во животот.
По повод 8 Март – Денот на жената, учениците од Училишниот парламент приредија мал рецитал во наставничката канцеларија. Со стихови и насмевки им го честитаа празникот на наставничките и вработените во училиштето.
Тие поделија и честитки кои сами ги изработија, внесувајќи радост и топлина во овој убав ден.
На 04.03.2026 година во ОУ „Гоце Делчев“ се одржа едукативно предавање на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Учениците имаа можност да се запознаат со основните правила за безбедно учество во сообраќајот и важноста од почитување на сообраќајните …
На ден 19.02.26 (четврток) во нашето училиште беше одржана обука за прва помош за учениците од IX одделение, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација на Црвен крст Свети Николе и д-р Љупчо Арсовски.
Преку практични примери и демонстрации , учениците се запознаа со основните постапки за укажување прва помош при повреди и итни …
