По повод Светски ден за борба против сидата денес 01.12.2023 (петок) во нашето училиште се одржа едукативна работилница со учениците од 9 – одделение, а во реализација на стручната служба. Темата на работилницата беше запознавање на учениците со ХИВ вирусот

што го предизвикува неговото присуство во човечкиот организам. Што е СИДА кои се симптоми најчесто се појавуваат.

Нашите ученици од VI и VII одд. на 30.11.2023 год. го посетија Информативниот центар на националниот парк Галичица каде што активно учествуваа во работилница.

Работилницата се состоеше од активности на терен каде учениците земаа примероци и лабораторија каде правеа селекција и набљудување под микроскоп …

Денес,во нашето училиште се одржа завршната активност по повод Месецот на книгата под наслов„Во прегратките на книгата,невозможното станува возможно.Нашите ученици гласно порачаа дека низ страниците на книгите, не откриваме само чудесни приказни, туку и суштината на нашата заедничка хуманост! ЗАТОА ХРАБРО,СО ОТВОРЕН УМ, СО ЧИСТО СРЦЕ И СО КНИГА ВО РАКА ДА ЧЕКОРИМЕ НИЗ ЖИВОТОТ-САМО ТАКА И НЕВОЗМОЖНОТО СТАНУВА ВОЗМОЖНО!

Денеска на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на детето, кој има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата

. Учениците од училишната заедница и стручната служба од нашето училиште реализираа едукативна работилница по повод 20 Ноември,светски ден на …

Од 19.11. -23.11.2023 година, членовите од Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе спроведе проект насловен “Ги учиме најмладите за опасностите и постапките за безбедност при пожари”.Целта на проектот е да ги запознаат најмалите со тоа што е пожар, кои услови се потребни за појава на пожар, што може да предизвика пожар во домот, училиштето, спортска сала и др., како правилно да го напуштат објектот во случај на пожар и на кои броеви да ги повикаат пожарникарите.

ООУ „Гоце Делчев“ го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, членовите на историската секција како и членовите на училишниот хор одржаа пригодна програма за достојно одбележување на овој голем празник за нас и нашата татковина.ООУ „Гоце Делчев“ го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Светскиот ден на храната е меѓународен ден кој се слави секоја година во светот на 16 октомври за да го одбележи датумот на основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации во 1945 година. Денот нашироко го слават многу други организации кои се занимаваат со глад и безбедност на храната, вклучувајќи ги и Светската програма за храна, Светската здравствена организација и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството. По повод денешниот ден,во подрачното училиште во с.Горобинции во централното училиште се организираше штанд на здрава храна од страна на учениците од 3то до 5то одделение и активиот на наставници од споменатите одделенија a учениците од 9 одделение подготвија пано со едукативен материјал за значењето на здравата храна!