Во склоп на часовите по Историја и општество и часовите за други активности при обработка на темата Население и континенти, учениците од 5 одделение, под раководство на наставничката Лилјана Ристовска, од ПОУ „Гоце Делчев“-с.Горобинци изработија хамери и направија истражувања на интернет во кои го претставија она што им остави најголем впечаток.Ученичката Дениција Трајковска направи хамер на еден од поголемите градови во Европа, Париз со неговите знаменитости и им го претстави на своите соученици.Ученикот Дуле и Марко Стојчевски ја направија картата на Светот со државите претставени преку нивните знамиња,а додека Атанас Стојчевски и Давид Ристов ја претстави картата на нашата држава со нејзините соседи и неколку поголеми градови.Ученичките Бојана Тодоровска,Наталија Младеновска и Орхидеја Николовска направија истражување на интернет и го претставија истотот на работен лист.Браво ученици!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *