По повод 8-ми март , ден на жената учениците од ученичкиот парламент и ученици од деветто одделение учествуваа во работилница организирана од страна на стручната служба, на работилницата учениците изработија оригами од салфетки во вид на ружи кои ги подарија на сите жени – вработени во училиштето. Исто така учениците изработија и пано на темата 8- ми март, а учениците од прво до петто одделение заедно со нивните наставници од централното и двете подрачни училишта, изработија честитки кои беа разделени по сите институции во градот.