Нашето училиште беше исполнето со радост и насмевки! Дедо Мраз ги израдува учениците од прво до петто одделение со новогодишни пакетчиња, дарувани со голема грижа и љубов од градоначалникот Дејан Владев.

Во веселата и топла атмосфера, која ја збогативме со забавна програма, учениците ја почувствуваа вистинската празнична магија.







