Нашето училиште деновиве стана уште поубаво и поудобно благодарение на несебичната донација од општествено одговорната компанија **КИСТ Мебел**.

Со голема благодарност и искрена почит ја примивме нивната донација – современ, функционален и удобен мебел за просториите во продолжениот престој, со што секојдневието на нашите најмлади ученици доби нова, потопла и повесела димензија.

**КИСТ Мебел** уште еднаш покажа дека кога бизнисот и образованието се здружени, на добивка се децата – нашата иднина!

Од срце им благодариме што со својата донација внесоа удобност, радост и боја во деновите на нашите ученици.

**Вистинските вредности се препознаваат по делата!**

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *