Во чест на патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, се одржа свечена академија – манифестација која уште еднаш покажа колку љубов, знаење и посветеност се вложуваат во нашето училиште.
Програмата беше внимателно осмислена, богата и исполнета со уметнички настапи што ги изведоа нашите ученици на врвно ниво, пред бројна публика од родители и гости.
Со свој говор се обрати и директорката г-ѓа Сузана Дерменџиева, која во своето инспиративно излагање додели признанија на најдобрите ученици, како и на соработниците кои несебично го поддржуваат училиштето.
Секоја точка, секој аплауз, секој поглед полн со гордост – беше потврда дека „Гоце Делчев“ не е само училиште, туку вистинска заедница.
Благодарност до целиот наставен колектив за професионализмот и тимската работа – оваа вечер уште еднаш покажа дека се наоѓаме меѓу најуспешните училишта во регионот.












