Во рамки на проектот „Науката и јас“, дел од Програмата за влијание на заедницата на Џонсон Мети, реализиран во партнерство со Бирото за развој на образованието, на 7 мај 2025 година се одржа Работилница за ефективна настава по природни науки. На овој настан, нашето училиште го претставуваше наставничката-ментор Елеонора Арсевска, како дел од тимот на ментори кои имаа задача да дадат стручна поддршка при реализацијата на обуки за помладите наставници по природни науки, биологија, хемија и физика.
По успешно реализираната работилница нашето училиште беше покането на студиска посета на компанијата Џонсон Мети – Скопје на 21 мај 2025 година. На оваа едукативна и инспиративна посета учествуваа шест училишта од различни делови на државата, секое претставувано од по три ученици и нивните наставници.



