Минатата недела учениците од 9-то и 8-мо одделение реализираа низа креативни активности по повод одбележувањето на Неделата на италијанската кујна, која традиционално се слави во втората половина на ноември ширум светот.
Преку истражување и работа во групи, тие откриваа зошто италијанската кујна е една од најпознатите во светот.
Учениците подготвија презентации, изработија хамер-постер со најпознатите италијански јадења и снимија видео поврзано со темата. Притоа учеа нови гастрономски термини и ја развиваа својата креативност и дигитални вештини.
![]()
Bravissimi, ragazzi!






