СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА!

Со многу радост, нови надежи и желба за знаење, денес го означуваме почетокот на уште една учебна година во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе.

На сите наши ученици им посакуваме успешна учебна година, исполнета со многу знаење, нови пријателства, убави моменти и бројни успеси. Нека секој нов училишен ден биде можност за учење, растење и остварување на соништата. 🌟

Овој прв училишен ден беше уште поубав и посвечен со пречекот на нашата ученичка Илијана Велева, која нè направи неизмерно горди со освоеното второ место и сребрен медал во шах на Меѓународните Плазма игри за млади во Сплит. 🥈♟️

Илијана беше пречекана со голема радост и гордост од директорката Сузана Дерменџиева, учениците и колективот на училиштето. Нејзиниот успех е прекрасен пример за тоа дека со талент, посветеност, труд и истрајност се постигнуваат големи резултати. 👏❤️

Честитки, Илијана! Горди сме што си дел од нашето училиште!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *