Со радост, насмевки и празнична атмосфера, во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе го одбележавме почетокот на новата учебна година.




Во чест на нашите првачиња, ученици од нашето училиште подготвија прекрасна свечена приредба исполнета со песна, игра, рецитации и детски насмевки, приредувајќи им топло и незаборавно добредојде. ![]()
![]()
![]()
Особена чест ни беше присуството на градоначалникот на Општина Свети Николе, кој беше дел од овој свечен и значаен момент.
На нашите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу знаење, нови другарства и безброј убави училишни спомени! ![]()
Добре дојдовте, првачиња! ![]()
![]()
Директорот и колективот на ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе





