Денес учениците од IV одделение при ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе ја посетија Општина Свети Николе, каде што беа срдечно пречекани од градоначалникот Дејан Владев.
![]()
Во пријатна и непосредна атмосфера, учениците имаа можност да се запознаат со работата на градоначалникот и функционирањето на општината, да поставуваат прашања и да ги споделат своите идеи и желби.



