Учениците имаа можност од блиску да се запознаат со уметничките дела – преку 20 сликарски интервенции врз платнени навлаки за перници, авторот го истражува светот на несоницата, внатрешните немири и мислите што се раѓаат во тишината на ноќта, претворајќи ги во уникатни ликовни композиции.





