Денес, 16 ноември 2026 година, ученици од централното ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе, ПОУ во с.Горобинци и ООУ „Даме Груев“ – Ерџелија, беа дел од една интересна инженерска мисија во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.



Работилницата „LEGO инженери во мисија за БЕЗБЕДЕН ГРАД“, во организација на МИУ мрежата, беше реализирана како резултат на меѓуучилишната соработка и заедничката иницијатива на наставниците по природни науки од општинските училишта.
Преку практични активности, истражување и креативна работа со LEGO коцки, учениците имаа можност да размислуваат како вистински инженери, да ги применат своите знаења од природните науки и да откриваат како науката и технологијата можат да придонесат за создавање побезбедни градови и заедници.
Благодарност до МИУ мрежата и Сеизмолошката опсерваторија за можноста нашите ученици да бидат дел од ова прекрасно научно-инженерско доживување!
