21 март 2023 г. со еколошка акција во OОУ „Гоце Делчев“ –Свети Николе беше одбележан Денот на пролетта и Денот на екологијата. Учениците ги чистеа дворовите на училиштата, а ги средуваа и внатрешните простории, засадија нови цвеќиња и ги прихранија веќе постоечките, учествуваа во изработка на пано со еко пораки и еко пароли кои беа прикачени во дворот на училиштето и сето ова со една единствена мисла:подигната еколошката свест до чисто,убаво и зелено училиште!!!