Светскиот ден на храната е меѓународен ден кој се слави секоја година во светот на 16 октомври за да го одбележи датумот на основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации во 1945 година. Денот нашироко го слават многу други организации кои се занимаваат со глад и безбедност на храната, вклучувајќи ги и Светската програма за храна, Светската здравствена организација и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството. По повод денешниот ден,во подрачното училиште во с.Горобинции во централното училиште се организираше штанд на здрава храна од страна на учениците од 3то до 5то одделение и активиот на наставници од споменатите одделенија a учениците од 9 одделение подготвија пано со едукативен материјал за значењето на здравата храна!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *